Јанкулоска и Каргов во посета на магацините каде се откриени фалц патики доволно за да се облече цел град

 

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска ќе ги посетат магацините со фалсификувани обувки кои синоќа ги откри полицијата.

Вчера Press24 ексклузивно објави дека македонската полиција ја реализираше најголемата заплена на фалсификат брендови на обувки во регионот. Како што дозна Пресс24 од полициски извори, во магацини на излезот од Македонија кон Косово полицијата пронашла  над неверојатни  17.000 пара патики и кондури во сите броеви и од најразлични фалсификувани брендови. Се работи за  Адидас, Најк, Пума, Тимберлејк...

Повеќе детали се најавени за денеска.

17.11.2013 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега