Керим: Можно е да се кандидирам за Претседател на Македонија

Искусниот дипломат Срѓан Керим не крие дека постои можност за да кандидира за Претседател на Македонија. Тој во интервју за Press24 вели дека за претседателска кандидатура може да стане збор само доколку за тоа добие поддршка од некоја политичка партија.

„Медиумите секогаш имаат потреба да излегуваат со проценки, прогнози, па и шпекулации во однос на значајни настани во политичкиот живот. А претседателските избори во секој случај можат да се вбројат во такви настани. Според тоа најнормално е што се спомнуваат повеќе имиња, меѓу кои и моето во досегашните анализи и коментари. Досегашната пракса во демократска Македонија недвосмислено покажува дека без поддршка на една политичка партија не е реално да се зборува за кандидатура. Токму затоа, и во мојот случај сметам дека под услов да има таква поддршка ќе може да стане збор за евентуална претседателска кандидатура“ - вели Керим за Press24.

Тој вели дека на последните претседателски избори ја одбил кандидатурата, бидејќи СДСМ предложиле тој да биде консензуален кандидат а за тоа воопшто не го консултирале.

„Кога веќе ги споменувате минатите претседателски избори добро би било работите да се допрецизираат. Имено предлогот на СДСМ беше да бидам нивни заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ. Притоа нити јас нити ВМРО-ДПМНЕ не беше претходно консултиран. Не е потребно да се има големо политичко образование за да се разбере зошто во такви околности не ја прифатив кандидатурата. Верувам дека овој пат таков или сличен гаф нема да се случи“ - вели Керим за Press24.

Целото интервју на Др. Срѓан Керим за Press24 можете да го прочитате тука

16.11.2013 - 23:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега