МТСП: СДСМ собира политички поени на смртта на еден човек

На денешната прес конференција на СДСМ на која што за тема ја одбраа работата на трудовата инспекција должни сме да реагираме не поради тоа што СДСМ не прозива како Министерство за труд и социјална политика туку поради тоа што СДСМ повторно сака сака да профитира на трагичен настан и на смртта на еден човек да добие ситни политички поени. Почитувани ова е крано лицеменро да се профитира на трагичната судбиуна на човек, да се злоиупотребува смртта зџа ситни политички поени.

Токму затоа најпрво би сакале да ја осудиме ваквата злоупотреба на трагичните настани, но и да ја информирмае јавноста и да потенцираме дека Државниот инспекторат за труд докажа и покажа дека на прво место им се работниците и заштитата на работниците и токму затоа беше донесен Законот за заштита и безбедност при работа и бројни правилници со кои се регулира безбедноста на работнците нешто што во времето на владеењето на СДСМ беше само мисловна именка.  

               Исто така, во интерес на објективното информирање би сакале да Ве инмфомираме дека во однос на денеска посочениот трагичен случај Државниот инапекторат за труд  како и во секој друг случај ќе постапи согласно со позитивните законските прописи и ќе ги изрече соодветните мерки и казни предвидени согласно со законите.

            Инаку, Државниот инспекторат за труд од почетокот на годинава до сега во областа безбедност и здравје при работа има извршено вкупно 9057 инспкециски надзори, донесено 5457 решенија за утврдени недостатоци, донесени се и 112 забрани за работа,   поднесени се 91 барање за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и 24 кривични пријави. 

Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 14.596  инспекциски надзори при што донесоа 3481 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи (чл.258), донесени се  и 306 решенија по (чл.259), како и поднесени  се 504 барања за поведување на прекршочна постапка.

            Или, вкупно Државниот инспекторат за труд од  почетокот на годинава до сега извршил 23 653 контроли. Оставаме на јавноста да процени дали оваа бројка значи дека инспекторите работеле, или и натаму ќе веруваат на политикантските прес конференции на СДСМ на кои што еднаш го наспаѓаат големиот број на инспекциски надзори, а на друг пат, како на оваа денешна прес конференција, критикуваат поради недоволен број на инспекциски надзори шти е крајно лицемерно и претствува злоупотреба на конкретни трагични слуачи. 

(Интегрален текст од писмена реакција на Министерството за труд и социјална политика)

16.11.2013 - 22:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега