ЕКСКЛУЗИВНО: Мега заплена на македонската полиција - откриени фалц патики доволно за да се облече цел град

Македонската полиција ја реализираше најголемата заплена на фалсификат брендови на обувки во регионот, ексклузивно дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, во магацини на излезот од Македонија кон Косово полицијата пронашла  над неверојатни  17.000 пара патики и кондури во сите броеви и од најразлични фалсификувани брендови.  Се уште нема информации како се внесени во земјава ниту пак за кој кој пазар се наменети. Според нашите извори, имало фалсификати на секакви брендови на патики и кондури. Адидас, Најк, Пума, Тимберлејк се само дел од копиите на познатите марки на обувки кои ги пронашла полицијата.
Информацијата за Press24 и официјално ја потврди МВР. Од таму велат дека веќе ја информирале и македонската Царина и дека заедно работат на случајот.
Повеќе детали најавуваат за утрешниот ден.

16.11.2013 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега