ДИК со важни информации: Открива како ќе гласаат болни и немоќни, и лица во домашен карантин во вториот круг од локалните избори

Државната изборна комисија информира дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во втор изборен круг, на ист начин и под исти услови.

За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице.
Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице е до 23 октомври, до 24:00 часот.
 
Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас еден ден пред денот определен за гласање, како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација, се должни до Општинската изборна комисија да достават НОВО барање за гласање.
 
Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација е до 25 октомври, до 24:00 часот.
 

 

21.10.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега