Повторно ограбена Македонска пошта

Непознати сторители попладнево извршија грабеж во филијалата на „Македонска пошта“ во Охрид, во близина на Гимназијата.

За сега нема никакви информации за тоа кои се сторителите и што е ограбено. Местото е блокирано од полицијата, која не дозволува пристап.

Истата пошта беше ограбена во јануари 2010 година, кога разбојник маскиран влезе во Поштата и им се закани на вработените со пиштол, и одзеде 51.000 денари.

Во непосредна близина на Поштата има експозитура на „Охридска банка“, на која се поставени безбедносни камери.

16.11.2013 - 21:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега