Анска река испрати демант - Заеви се бранат со маниппулации за отровните корнишони

Компанијата Анска река, дел од фирмите на семејството Заеви во обид да се затскрие од одговорноста прати манипулативен заклучок од извршениот инспекциски надзор на Фитосанитарната инспекција при министерството за земјоделство, која во своето образложение вели дека „нема присуство на пестициди и резидуи“.

Сепак, ова е само манипулативен обид да се избега очигледното прекршување на законот и обид да се затскрие нивната одговорност и вина, бидејќи документот кој е лиферуван не се однесува на затруените краставици во кој е лоциран пестицид, што впрочем и Хрватска го утврди како непобитен факт. Документот кој „Анска река“ го приложи како демант всушност се однесува на друга контрола на други краставици.

-Фактичката состојба е дека во корнишоните што биле извезени во Хрватска е најдено пет пати поголемо количество пестициди од дозволеното , а додека при подоцнежната контрола на залихите во оранжериите откако било откриено дека оваа компанија е извозникот во Хрватска, инспекторите утврдиле дека нема загадени корнишони, изјавија денеска од инспекциската служба.

Ваквиот обид е очаен и претставува уште поголем скандал на Заеви да ја затскријат нивната одговорност, која е очигледна.

„Анска Река“ ќе плати 8.600 евра за изезените корнишони со вишок пестициди и дополнителни 4.500 евра зашто и по предупредувањето од Инспекторатот, не се евидентирала во Регистарот на производители, преработувачи и дистрибутери на производи од растителни потекло на Фитосанитарната управа.

- Утврдивме дека „Анска Река“ избегнувала да се впише во Регистарот зашто немала соодветно стручно лице, агроном, кое би било одговорно за аплицирањето пестициди, рече денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Румен Стаменов, инфромирајќи дека компанијата ќе биде затворена додека не се регистрира.

Со ова се потврдуваат информациите кои вчера ги презентираше Нетпрес, дека производител на краставиците, прскани со енормно многу пестициди, е фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго Продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.

16.11.2013 - 21:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега