ФОТО: Кратово доби ново повеќенаменско игралиште вредно 7 милиони денари
![](/sites/default/files/styles/large/public/imageytjnu56u56h5g34yt5r4hergfww.jpeg?itok=sjGE_V1O)
Кратовчани добија ново повеќенаменско игралиште. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Александар Пујовски, министерот за труд и соц.политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кратово Мите Андоновски, го пушти игралиштето во употреба.
Со изградбата на повеќенаменското игралиште во Крилатица,општина Кратово ќе се овозможат услови за непречен развој за тренинг на спортистите и граѓаните да рекреираат на истото. Воедно со тоа ќе се овозможи правилно насочување на младите во борбата против пороците.
Изградбата на игралиштето е во вредност од 7 милиони денари.
16.11.2013 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа