Продолжено гласањето на три избирачки места во Струмица, Ново Село и Радовиш

 

Гласањето на локалните избори во шесте општини во Струмичко-Радовишкиот регион заврши, освен на три избирачки места во Струмица, Ново Село и Радовиш.

Според потпретседателот на ОИК Струмица, Томислав Андреев продолжено е гласањето на едно избирачако место во село Сачево и ќе трае до 20:35 часот заради технички проблем со читачот за отпечаток на прст.

И во Радовиш од истата причина е продолжено гласањето на едно избирачко место во градот и според претседателката на ОИК, Вера Димитриева, тоа ќе трае до 20:36 часот.

Во Ново Село изборниот процес продолжува на гласачко место во селото Мокриево и спред информациите од ОИК ќе трае до 21:50 часот, бидејќи толку време било прекинато гласањето заради технички проблем со читачот за отпечаток на прст.

Гласањето за локалните избори заврши во општините Конче, Босилово и Василево и таму во 19 часот се затворени сите избирачки места.

Право на глас во овие шест општини во Струмичко и Радовишко имаа 110.428 граѓани на 214 избирачки места. Тие избираа градоначалници од 16 кандидати и советници од 33 советнички листи.

17.10.2021 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега