ПОТВРДЕНО: Заеви извезувале отровни краставици во Хрватска

Вкупно 13.100 евра глоба и забрана за вршење дејност и се изречени на Еко-оранжерии „Анска Река“ која пласираше 34 тони корнишони со зголемена концентрација пестициди во Хрватска.

Како што соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Румен Стаменов, краставичките кои ги увезе „Подравка“ се уништени на депонија во Вараждин.

- На македонскиот пазар нема од овие корнишони. Целото производство заврши во Хрватска, нагласи Стаменов на прес-конференција, изразувајќи уверување дека домашните потрошувачи може да бидат сосема спокојни.

„Анска Река“ ќе плати 8.600 евра за изезените корнишони со вишок пестициди и дополнителни 4.500 евра зашто и по предупредувањето од Инспекторатот, не се евидентирала во Регистарот на производители, преработувачи и дистрибутери на производи од растителни потекло на Фитосанитарната управа.

- Утврдивме дека „Анска Река“ избегнувала да се впише во Регистарот зашто немала соодветно стручно лице, агроном, кое би било одговорно за аплицирањето пестициди, рече Стаменов, инфромирајќи дека компанијата ќе биде затворена додека не се регистрира.

Како што веќе објави Press24 станува збор за компанија која ја основал првиот братучед на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а во моментов тој е сопственик и на половина од неа. 

Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Дејан Рунтевски, „Анска Река“ користеле и несоодветен пестицид, за компир, маслодајна репка и овошје, а не за краставички.

Press24 вчера се обиде да стапи во контакт со оваа компанија, но од таму ни рекоа дека не смеат да ни кажат ништо. 

Во врска со пратката грозје тешка 9.200 килограми која исто така содржеше повеќе пестициди од дозволеното, а се продаде во Франција, директорот на ДИЗ напомена дека потекнува од индивидуален производител. Извозник е „Виви пром“ Богданци, а откупувач физичко лице. Случајот го презема Инспекторатот и веќе врши увид.

- Во двата случаја, и со корнишоните и со грозјето, извозот е реализиран без претходно да се побараат какви било уверенија (сертификат за безбедност) од (АХВ) или од ДИЗ поради што и не се направени анализи. Производителите практично сами ги продале бидејќи на пазарите на земјите увознички не бараат такви документи за пласман на производи од растително потекло, објасни Рунтевски.

Тој смета дека „аферата“ со пестицидите ќе се одрази на македонскиот извоз. Европските земји, нагласи, ќе ги зајакнат мониторингот и контролите додека не оценат дека поминал секој можен ризик од внес на неисправни производи од Македонија. 

16.11.2013 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега