Го нападнал со секира додека си го напасувал добитокот - драма во кратовско

Во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот во кратовско, 65-годишниот М.П. бил нападнат од страна на 42-годишниот кратовчанец Б.Г. додека си го напасувал добитокот.

Бесниот кратовчанец во еден момент со секира го удрил сограѓанинот во пределот на левата подлактица, при што му нанел тешка телесна повреда.

М.П. бил пренесен во Здравствен дом Кратово, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

16.11.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега