ВИДЕО: Езеро пресушило преку ноќ, останала дупка која продолжува да се шири

Жителите на селото Саница во Босна останале изненадени откако преку ноќ  езерото во нивното место пресушило, а зад себе оставило огромна дупка која продолжува да се шири.

Тие сметаат дека веројатно станува збор за подземни води, меѓутоа се очекува пристигнување на експерти кои треба да објаснат што точно се случува.

Како  што пишуваат босанските медиуми  ова не е прв ваков случај, и порано имало ваква дупка во близина на ова село.

 

Сепак овој феномен привлекол огромно внимание , па многу луѓе од околните места дошле да ја видат оваа несекојдневна глетка.

16.11.2013 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега