Реконструкција на неколку патни правци

Доколку денеска седнувате во автомобил, ова е моменталната состојба на патиштата.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, претежно по влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Крушево - 100м, Плетвар - ретка магла. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка, во периодот од 15.11.2013 до 19.11.2013 година ќе се изведуваат на клучката Миладиновци. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.10.2013: Скопје-Македонски Брод од 07:30-08:30 и 14:30-15:30 часот / Македонски Брод-Скопје од 06:00-07:00 и 16:00-17:00 часот

Известување за возачите дека од 15 ноември во стила стапува законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.

16.11.2013 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега