„Не смеам да кажам ништо“ - молк во фирмите на кланот Заеви за токсичните краставици

Молк во фирмите на кланот Заеви по скандалот со токсичните 35 тони корнишони кои заглавија на хрватската граница. Press24 денеска се обиде да стапи во контакт со комапниите кои според нашите информации ги произвеле и извезувале токсичните корнишони. 
Во фирмата Еко оранжерии Анска Река на телефонскиот број кој може да се најде на интернет се јави една госпоѓа. 
„Не смеам да зборувам ништо. Не можам да ви ја потврдам информацијата. Немам овластувања за тоа“ - велат од Анска Река за Press24. На нашето прашање кого да контактираме за да добиеме информација, госпоѓата ни одговори дека за тоа треба да се обратиме до менаџметот но како што рече, денеска е доцна а утре и во недела е неработен ден.

Се обидовме да исконтактираме и со компанијата Тргопродукт каде сопственици и управители се братучеди на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. И двата телефонски броеви кои стојат на веб сајтот на компанијата не се достапни. Автоматот вели дека линијата е прекината.

Еко оранежрии Анска река и Тргопродукт се компании во сопственот на првите братучеди на Зоран Заев и нивните семејства. Агрономи со кои контактираше Press24 велат дека најверојатно токсичните материи се нашле во корнишоните бидејќи тие биле извезени непоредно по прскањето за заштита од штетници. Неофицијално, Press24 дознава дека компанијата кој ги произвела, ги извезла само два дена по прскањето иако, периодот на каренца (периодот потребен да се разгради хемикалијата) во овој случај бил 20 дена.

Анализите на хрватските лабаратории покажале дека во корнишоните има хемикалии 7 пати над дозволеното ниво, по што краставичките се уништени.

Дел од производителите на корнишони не го кријат револтот од незапазувањето на процедурите и нарушувањето на угледот на македонсктие земјоделски производи. Уште пореволтирани се оние кои штетниците ги сузбуваат со биолошки метод, без да користат пестициди, што ги чини милиони евра. Сите стравуваат од можноста поради вакви ситуации, Македонија да добие и забрана за извоз на овие производи.

15.11.2013 - 22:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа