„Дневни аваз“: Климатски промени го загрозуваат Балканот

Како што објавува сараевскиот весник   „Дневни аваз“,наглите климатски промени кои се се поизразени и се манифестираат преку многубројните временски непогоди, а некои се случуваат во Босна и Херцеговина и во регионот.

- Осцилациите на кои не сме навикнале се случуваат поради нарушување на режимот на струење на ветровите, атмосферските слоеви, температурата на морето и на копното, односно се последица на глобалното затоплување и уништување на планетата, тврдат климатолозите.

Климатологот од Метеоролошкиот завод на Федерацијата БиХ, Жељко Мајсторовиќ тврди дека во иднина и БиХ и регионот ќе бидат зафатени климатските пробелеми.

- За среќа ние ја избегнавме бурата што на почетокот од неделата ја зафати Хрватска, но никогаш не се знае кога ќе се случи и во нашата земја. Живееме во мирно подрачје, па поголемите осцилации не заобиколуваат, но до кога ќе биде така, ќе видиме, посочува Мајсторовиќ.

Според предвидувањата на светските метеоролози, во следните сто години климата во регионот значително ќе се промени.

 

15.11.2013 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа