Викендов ќе уживаме во сонцето - од понеделник повторно дожд

Викендов повторно ќе уживаме во сонцето! Во наредните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури до 18 степени.

Во текот на утрешниот ден претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува и ќе има повеќе сонце. Ќе дува слаб североисточен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во недела исто така сончево со мала до умерена облачност и појава на магла во утринските часови по котлините. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет степени, а дневната од 12 до 18 степени.

Веќе од понеделник не очекува дожд.

15.11.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега