Опра: Обама е жртва на расизам
Познатата водителка Опра Винфри за интервју на Би-Би-Си тврди дека некои од предизвиците и од критиките на кои изминатите месеци е изложен претседателот Барак Обама се предизвикани поради неговата боја на кожа.
Водителката смета дека и познатиот инцидент во американскиот Конгрес од 2009 година, кога конгресменот Џо Вилсон извика дека тоа што го зборува Барак Обама е лага, прекинувајќи го за момент излагањето на претседателот, е „пример за непочитување на функцијата што ја има, само затоа што Обама е афроамериканец“.
15.11.2013 - 09:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа