Будимпешта: Бездомниците не смееат да престојуваат на јавни места

 

Во Будимпешта забрането е бездомниците да престојуваат на јавни простори во градот меѓу кои метро станици, гробишта и игралишта, како и во најголемиот парк во главниот град.

Одлуката е донесена врз основа на уставен амандман усвоен во март по кој општините имаат право да забранат бездомници од безбедносни и здравствени причини да престојуваат на јавни места.

Врховниот суд истиот закон го прогласи за неуставен. Според тој закон, бездомниците може да бидат казнети парично ако се сместат во забранети области. 

15.11.2013 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега