Царовска: Ќе се разгледува посочената содржина од учебникот по македонски јазик за четврто одделение
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во вечерашното гостување во „360 степени“ зборуваше и за реакциите за учебникот по македонски јазик за четврто одделение за кој имаше забелешки дека во некои текстови несоодветно го третира семејството.
-Царовска кажа дека авторката на учебникот и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките и ќе донесат одлука дали тој ќе се промени.„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане, рече Царовска.
Таа додаде дека како Министерство ги следат сите забелешки и реакции и постапуваат по нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа