Царовска: Дигитализацијата во наставата се спроведува соодветно
Во централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров се имплeментираат реформите во програмите за прво и четврто одделение, а дигитализацијата се спроведува соодветно, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска беше во посета на ова училиште.
-Денеска во ова улилиште разговарав со една од наставничките, со стручниот тим и со директорката како оди имплементација на новата концепција, дали се почитуваат протколите и каква е состојбата со ковид. Сметам дека тие ги исполнуваат целите кои се зададени од наставната програма, секако тоа ќе го дознаеме и на крајот на учебната година од постигнатите резултати на учениците, изјави Царовска.
Таа напомена дека дигитализацијата во наставата се спроведува соодветно, а учениците се во постојана интеракција со наставникот и меѓу себе, а тоа значи поквалитетна настава.
Царовска посочи дека инвестициите во програмите се многу значајни, како обуките на наставниците, и затоа напомена дека е значајно во континуитет да продолжат да даваат поддршка на секој наставник кој има потреба, но и со менторите да се поттикнат да и тие бидат дел од оската околу која сите информации ќе се движат и кои ќе можат да споделуваат знаења со своите колеги.
И во однос на инфраструктурата посочи дека се обидуваат да направат модерни училишта, и оти треба во континуитет да се инвестира во училиштата.
Царовска информираше дека Министерството за образование и наука инвестирало 80 милиони денари само во општина Ѓорче Петров во сите училишта.
Директорка на училиштето, Сашка Новковска рече дека со реформирите во програмите од прво до четврто одделение училиштето добило електронски уреди со кои учениците имаат можност за поголема модернизација во наставата.
-Вложуваме во иднината, вложуваме во образованието. Со реформите во програмите од прво до четврто одделение добивме електронски уреди и учениците имаат можност за погоелма модернизација во наставата, и за истражување низ игра и забава да ги уссвојат целите на новата програма, додаде Новковска.
Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски изјави дека континуирано се грижат за обезбедување на поквалитетно образование а паралелно инвестираат и во образовната инфраструктура.
-Инвестирањето во орбазованието е инвестирање во индината на една држава. Изминативе години заедно со централната власт значително ја подобривме образовната слика во училиштата во Ѓорче Петров. Со министерката бевме дел од часот по математика во четврто одделение, чии ученици се прва генерација каде се спроведува новата концепција на основното образование, рече тој.
Градоначалникот посочи дека со средства од Министерството за образование и наука Општината набавила информатичка технолигија, лцд телевизори, печатачи, и рече дека училиштата во оваа општина се целосно технички подготвени за следење на наставата по новата концепција.
Како што рече, во делот на инфраструктурата во моментов во се доградуваат капацитетите во две училишта, во „Тихомир Милошевски“ во Ново село и во Хром во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
-Првпат се градат училишта кои се целосно инклузивни со изградба на лифтови. Променет е кровот на основното училиште „Ѓорче Петров“, а нов кров е поставен и на ова училиште, каде е реконструирана и спортската сала и целосно ограден дворот и дополнително во ова училиште се гради базен. Нова безбедносна ограда поставивме во „Мирче Ацев“, во „Јоаким Крчоски“, и по 30 години конечно се овозможени услови одржување настава по физичко со изградба на спортска сала, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа