Четири лица починаа од коронавирус во тетовската болница - сооппштено колку години имал најмладиот
Четири пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 се починати во период од 24 часа до седум часот утринава, информираат од тетовската клиничка болница и Ковид центарот. Починатите се на возраст од 53, 63, 65 и 78 години.
– Во текот на последните 24 часа примени се нови шест пациенти, а пуштени се дома осум луѓе. Сите 102 лица кои се на болничко лекување се на кислородна поддршка, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.
Помош од лекарите преку прегледи и контроли побарале 147 луѓе.
04.09.2021 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа