Десетина инспектори утрово упаднаа во дуќанот на кандидатот за градоначалник на Ранковце
Десетина инспектори утрово влегле во дуќан на кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ Борче Спасовски, јавуваат членови на неговата поширока фамилија, пренесува Курир.
Според очевидци само еден ден откако беше објавена неговата номинација вкупно 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски.
Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој е од Крива Паланка и е одговорен во партијата за овој крај на Македонија.
31.08.2021 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа