„Супер е да си млад, кул e да си хуман“

 

 Црвениот крст од Скопје спроведе акција  по повод „13 Ноември“ под мотото „Супер е да си млад, кул e да си хуман“ во соработка со РК Металург и Ре-Медика. 

За учество во акцијата благодарници  добија Џеладин Јадигар за крводарител со најголем број дарувања за 2012 година, професорот Александар Шиколе за мотиватор на полето крводарителсво, Ивана Груевска  за најуспешен млад крводарител за 2012 година и Светлана Станковиќ за крводарителка со најмногу евидентирани дарувања.

АД Алкалоид доби благодарница за работна организација со постигнати најдобри резултати во крводарувањето за 2012 година, ЦУГС „Владо Тасевски“ како училиште со постигнати најдобри резултати во крводарување, АД „Окта“ и „Фан Форум клубот Тоше Проевски“ за континуиран придонес во промоциоја и унапредување на крводарителството благодарница добија РК „Металург“ и ракометарот Наумче Мојсовски.

Секретарот на црвениот крст на Скопје Сузана Тунева Пауновска истакна дека во текот на денешниот ден очекуваат да донираат крв околу 100 лица, а до крајот на годината во соработка со сите поддржувачи се очекува да се достигне бројката од 55.000 крвни единици.

Промоторот на кампањата, ракометарот на „Металург“ Наумче Мојсовски, нагласи дека оваа кампања е значајна за младите и дека  тој како промотор има задача да ги поттикне да се приклучат кон кампањата да даруваат крв.

- Се надевам со нашето приклучување кон кампањата како клуб  ќе се оствари целта на Црвениот крст да се соберат очекуваните крвни единици со што ќе се обезбеди доволно крв за сите на кои им е потребна, рече Мојсовски.

Како дел од оваа кампања функционира и „Клубот 25“ составен од млади и едуцирани волонтери кои вршат активна едукација на своите врсници, а во интерес на целите на кампањата. Севкупните активности се организирани и поддржани од Црвениот Крст и првата приватна болница Ре-Медика

13.11.2013 - 15:06
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа