Дијаспорци фрлиле ѓубре во река, мештанин ги фатил и ги натерал да го соберат: „Смеете вака да фрлате во Германија?“
Човек фатил брачен пар кој живее во Германија како фрла ѓубре во река во босанскиот град Јелах. Тој ги следел и ги натерал да се вратат, да влезат во реката и да го соберат отпадот, а видеото стана вистински хит на интернет.
Мажот и жената фрлиле 3 ќеси ѓубре во реката Усора, која се наоѓа во северна Босна во градот Јелах. Еден мештанин го забележал нивниот потег, по што ги натерал да се вратат и да ги извадат ќесите од реката.
На видеото може да се слушне како сопружниците се правдаат дека немале контејнер каде да го фрлат ѓубрето, а воедно не знаеле дали смеат да го фрлат во туѓ контејнер.
„Смеете вака да фрлате во Германија? Таму би платиле казна. Треба и полиција да викнам да ве казни“, им вели мажот.
Жената се спуштила до брегот каде ги фрлила ќесите и ги собрала.
„Во Германија имаме контејнер, тука немаме. Реков, водата ќе ги однесе. Извини“, му вели жената на мештанинот.
„Во Јелах има 50 контејнери, во центарот имате 20 во кои можете да го фрлите ѓубрето“, им одговорил тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа