Македонско-грчки бизнис форум во Атина

Грчко-македонски економски-бизнис форум ќе се одржи на 17 декември во Атина, јави дописникот на МИА.

Форумот во организација на Атинската Комора за трговија и индустрија и македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот и Стопанската комора на Македонија има за цел да се истражи потенцијалот за понатамошен развој на трговската размена меѓу двете земји. Подготовките се во тек, а се очекува настанот да привлече голем интерес за учество на фирми од двете земји.

Ова е прв бизнис форум во Атина, но не и прва средба на бизнисмените од двете земји. 

13.11.2013 - 10:36
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега