Филе: Албанија имаше успешна година

За време на посетата на Тирана, комесарот за проширување Штефан Филе ја оквалификува 2013-та како успешна година за Албанија.

На прес конференција со премиерот Еди Рама, Филе ги поздрави организирањето на парламентарните избори во јуни и напорите на Владата за борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Тоа беше една добра година од гледна точка на спроведувањето фер избори и на конструктивниот начин на предавање на власта. Тоа беше добра година која ни дозволи да нагласиме за напредок на Албанија во следниот извештај, изјави Филе.

– Мислам дека на албанските граѓани треба да им се даде јасна идеја за начинот по кој државата ќе се интегрира во ЕУ и да им се даде можност самите да констатираат напредок и постигнувања на својата влада во таа насока, додаде комесарот.

Премиерот Еди Рама изјави дека средбата со Филе му помогнала да се даде целосна претстава за напорите на Владата во насока на реформите, почитувањето на правото во државата и борбата со корупцијата. 

13.11.2013 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега