Премиерот Груевски во посета на Словенија

Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска заедно со владина делегација заминува во официјална работна посета на Словенија.

Предвидено е за време на еднодневната посета, премиерот Груевски да оствари тет-а-тет средба со својата словенечка колешка, премиерката на Словенија Аленка Братушек, а потоа ќе се сретне и со шефот на државата, Борут Пахор, како и со претседателот на Собранието Јанко Вебер.

Ќе се одржи и Пленарната седница на делегациите, предводени од премиерите Никола Груевски и Аленка Братушек заедно со ресорните министри, а потоа ќе се потпише Меморандум за соработка од областа на спортот, кој што ќе го потпишат директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Александар Пујовски и  министерот за образование, наука и спорт на Република Словенија Јернеј Пикало.

премиерот Груевски го придружуваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

13.11.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега