Британецот кој се самоуби во скопски хотел не успеал да преноќи ни една вечер

Британецот кој синоќа беше пронајден облеан со крв во хотел во Скопје, тука дошол сам и во хотелот не преноќил ни една вечер, дознава Курир.

Според информациите на Курир, 41-годишниот П.П. од Велика Британија вчера се пријавил во хотелот и не успеал да преноќи ни една вечер. Неговата хотелска соба била заклучена од внатрешната страна, а до прозорецот била ставена фотелја кога решил да си го одземе животот.

Инаку, телото на несреќниот Британец го пронашле вработените од хотелот.

Неговото тело е предадено на обдукција.

најчитано сега