Беличанец-Алексиќ ги заврши посетите на месните и урбани заедници во Кисела Вода

 

Со посетата на месните заедници Стаклара - Каменик и Кисела Вода, вчера градоначалникот Беличанец - Алексиќ и претставниците од општинската администрација го завршија циклусот посети на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.

- Целта на посетите беше граѓаните на овие населени места да се запознаат со тековните проекти на општината, но и со проектите кои се во план да се реализираат во следниот период, информира општина Кисела Вода.

Градоначалничката во секоја месна заедница во изминатите два месеци потсети на завршените работи, кои на претходните состаноци беа дефинирани како приоритети во тоа населено место, а ги слушна и забележа сите нови идеи, предлози и приоритети, кои треба да се најдат во градежната агенда за следниот период.

 

12.11.2013 - 11:25
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега