Столтенберг: Најважно за Косово е изнаоѓање на политичко решение со Србија

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, при денешната посета на Приштина, изјави дека најважно во овој момент за Косово е изнаоѓање политичко решение со Србија.

 

За време на неговата посета на Косово, Столтенберг се сретна со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и српските политички претставници. пренесува Радио Слободна Европа.

 

– Во одредена фаза, треба да видите нормализација. Тоа е важно кога станува збор за односот меѓу Приштина и Белград, но исто така ќе биде важно и кога станува збор за односот на Косово со сите меѓународни институции, вклучително и со НАТО, рече Столтенберг на прес конференцијата по средбите.

Столтенберг исто така посочи дека договорот од 2013 година, според кој Косовските безбедносни сили (КБС) не можат да одат на северот на Косово без согласност на командантот на КФОР, сè уште е во сила. Во четири општини во северно Косово – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, живее мнозинско српско население. Според генералниот секретар на НАТО, ова прашање било тема на разговор меѓу него и косовскиот премиер Албин Курти, кој смета дека овој договор е штетен.

Курти го предаде договорот на косовското обвинителство во мај.

Како и да е, Столтенберг го поздрави фактот дека договорот е сè уште валиден.

01.07.2021 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега