Романи Розе: Да не се стигматизираат Ромите баратели на азил од Македонија

Со есента во Германија веќе неколку години по ред се зголемува бројот на баратели на азил, пред се од Македонија и Србија. Статистиката на германското МВР вели дека бројот на баратели на азил од Македонија е во континуиран пораст.

Првиот човек на Централниот совет на Синтите и Ромите во Германија, Романи Розе, во интервју за Дојче Веле, изјавува дека Ромите од Македонија бараат азил поради чуството на безизлезност, како и поради дискриминацијата.

 

- „Вистина е дека има миграција кон Германија. Ова е врзано пред се’ за бесперспективноста на луѓето во Македонија, Србија, земји кои претендираат на членството во ЕУ. Голем дел се Роми. Но, според мене, вистинската причина за нивното заминување од дома е притисокот и чувството на дискриминацијата. Честопати и изложеноста на расизам со која луѓето се соочуваат и која не може да се поврзе со вредностите на Западна Европа. Затоа сметам дека пред да станат членки на Унијата, овие земји треба да ги расчистат прашањата на правата на малцинствата и ова адекватно да го документираат“, вели за ДВ Романи Розе.

Тој истакнува и дека заканите на германската политика за укинување на визната либерализација поради лажните азиланти е контрапродуктивна: - „Ние секогаш велевме дека сакаме да се откажеме од поделбата на Европа! Сега во оваа земја некои применуваат политика на закани со која повторно ќе се градат ѕидови“, подвлекува Романи Розе. Според него, луѓето од Македонија, од Србија, од Балканот, кои доаѓаат во Германија, но и во Франција, Италија, Шпанија, сакаат да работат. Често станува збор за сезонски работници, има и негуватели во болници, но и академци.

 

12.11.2013 - 10:16
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега