Филантропи од Охрид и Струга ќе добијат признанија

Четириесет и две лица од Охрид и Струга кои изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан или донирале средства за доброто на заедницата денеска ќе добијат признанија на Проектот „Филантропија-Човекољубие на дело“.

- Добивме една детална слика, за што, колку и на кој начин се донирало во претходниот период на ова подрачје. Успеавме да лоцираме над 40 донаторски или хумани активности кои биле реализирани или помогнати од поединци, од бизнис  секторот икли сервис клубовите. Врз основа на овие податоци изработивме каталог со успешни донации кој ќе придонесе за понатамошна промоција на филантропијата. Исто така, ова издание ќе има за цел да ги уважи и постојаните филантропи односно општествено одговорните фирми, вели Јасминка Поповска, директор на Локалната агенција за развој од Струга.

Паралелно со каталогот изработена е листа со десетина локални потреби од Охрид и Струга кои не се од голема материјална вредност, а имаат значење за заедницата или одредена целна група. Оваа листа ќе им биде понудена на локалните филантропи и на бизнис заедницата во рамки на завршниот настан со цел да го побудиме интересот кај нив и заеднички да ги реализираме, вели Катерина Василевска, координатор на проектот.

12.11.2013 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега