Пратениците денеска со полни раце работи

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 74. седница на чиј дневен ред се измените на Законот за судовите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година и измените на Законот за заштита од пушење, двата по скратена постапка.

Во прво читање пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за пасишта, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за социјалната заштита, како и Предлог на закон за медијација.

Пред пратениците денеска се и измените на Законот за вештачење и на Законот за парничната постапка, како и Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесен од група пратеници од опозицијата. 

12.11.2013 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега