Министерот Попоски на средба со првите луѓе на стопанските комори во Македонија

 Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во МНР ќе одржи работна средба со првите луѓе на стопанските комори во Република Македонија. 

На состанокот  се поканети претседателите на  Стопанска Комора на Република Македонија, Стопанска Комора на северо – западна Македонија, Сојуз на Стопански комори на Република Македонија и Стопанска Комора за информатички и комуникациски технологии.

 

Целта е заеднички да бидат разгледани можностите за поголемо искористување на македонските дипломатско конзуларни претставништва во странство,  во насока на извозна, инвестициона и туристичка промоција на Република Македонија на странските пазари.

11.11.2013 - 15:24
Фото: 
мтв

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега