Шиповиќ ќе биде екстрадиран во Македонија

 

Мирослав Шиповиќ ќе биде екстрадиран во Македонија. Информацијата дека виенските власти го одобриле барањето за испорачување на Шиповиќ во Македонија, за Пресс24, ја потврдија од Министерството за правда.

За потсетување, претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ беше уапсен на виенскиот аеродром. Тој е првоосомничен во акцијата „Претседавач“ и се терети за финансиски криминал во фирмата Машинопромет, тежок милион евра.

Останува Министерството за правда и Интерпол да ги договорат деталите за екстрадицијата на Шиповиќ.

 

11.11.2013 - 13:18
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа