Беличанец-Алексиќ на средба со жителите од Кисела Вода

 

Градоначалничката на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претседателот на Советот Трајче Донев и раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија во Град Скопје, вечерва ќе ги заокружат посетите на месните урбани заедници во Кисела Вода.

Се очекува средби со голем број на жителите од населените места Стаклара-Каменик и Кисела Вода. 

Првата средба е закажана во 18:30 часот со жителите на Стаклара-Каменик, додека во 20 часот општинските преставници ќе ја посетат месната заедница во населбата Кисела Вода.

11.11.2013 - 13:07
Фото: 
скопјеинфо.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега