Јубилеј 50 години: Во петок концерт на дуетот Селимова - Желчевски

"Врати ми ја младоста", "Марија, Марија", "Љуби ме, љуби ме"... се дел од најголемите хитови на легендарниот двоец Селимова - Желчевски, кои ќе бидат отпеани на големиот солистички концерт што ќе се одржи во чест на 50-годишнината од почетокот на нивната музичка кариера. Концертот е закажан на 15 ноември во Домот на АРМ, а освен во легендарните хитови на Кефсер и Ѓорѓи присутните ќе уживаат и во изведбите на неколкуте музички гости, нивни пријатели и соработници низ годините, и секако во кореографиите на КУД "Орце Николов", културно-уметничко друштво со кое се врзани музичките почетоци на Кефсер. Концертот е во организација на Министерство за култура на РМ, ТА "Торија" и К-тим продукција.

11.11.2013 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа