Нема ни трага од исчезнатиот Миле - Се бара по манастири, во потрагата вклучен хеликоптер

 

Македонија е се уште на нозе и се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино. Личната карта и пасошот му се дома, а од навивачката група „Винари“ од Неготино, на „Фејсбук“ велат дека се пребаруваат и манастири и цркви.

- Апел од Винари Неготино до сите други навивачки групи. Затоа што постои голема веројатност (или барем се надеваме) дека нашиот член, другар, пријател Миле Тодоров може да е засолнат во некој Манастир/Црква, ве ЗАМОЛУВАМЕ доколку имате можност да исконтактирате или проверете по манастири и цркви (поголеми или помали) во вашиот крај, пишуваат на Фејсбук од навивачката група.

Додаваат дека тие се веќе во акција и ги посетуваат манастирите низ државата.
 
- Затоа што во Македонија ги има во голем број, би било од голема помош доколку можете да проверете по вашиот регион. Доколку стигнете до некаква информација, можете слободно да ги исконтактирате било кој од броевите 078-909-481 и 075-691-727 или полиција. Ви благодариме и очекуваме помош, завршија од таму. 
 
Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. 
 
По него се трага и со хеликоптер.
 

 

04.02.2025 - 08:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега