Претседателот Иванов го честита Денот на независноста на Полска

 

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска упати честитка по повод Денот на независноста на Република Полска.

Во името на граѓаните на Република Македонија и во мое име, со особено задоволство, Ви го честитам Денот на независноста на Република Полска и Ви упатувам најискрени желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани.

Изразувајќи задоволство од досегашниот успешен развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Полска,  убеден сум дека со наш заеднички ангажман, во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, можеме да дадеме дополнителен поттик за натамошно унапредување на односите и интензивирање  на соработката во разни сфери од заемен интерес.

            И во оваа пригода сакам уште еднаш да изразам благодарност за поддршката од Република Полска, во реализацијата на стратешките цели на мојата земја за зачленувањето во Европската Унија и во НАТО. Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат таквата принципиелна поддршка., стои во честитката.

 

11.11.2013 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа