ВИДЕО: Две сестри тврдат дека Мачу Пикчу се наоѓа на нивен имот

Познатиот град на Инките Мачу Пикчу во Перу е наоѓа на тло кое им припаѓа сестрите Роксана и Глорија Абриј, пренесува американскиот портал „Антена3 “.

Сопственик на тоа земјиште на Андите бил нивниот прадедо, и затоа тие двете бараат од државата  да им исплати 100 милиони долари оштета.

Сестрите тврдат дека имаат документи од 1905 година кои потврдуваат дека нивниот прадено купил голем имот кој опфаќа  и делови од планинскиот венец на Андите, пред да биде откриено дека на нив се наоѓа и древниот град Мачу Пикчу.

- Неверојатно е тоа што моравме да плаќаме влез кога ние сме потомци на сопственикот на Мачу Пикчу - изјавила Росана Абриј, историчарка и кустос во музеј.

Од  Влдата на Перу изјавиле дека нема да  им исплатата оштета  на двете сестри, бидејќи Мачу Пикчу е изграден 1300 година, за време на владеењето на кралот Пачакути, а се наоѓа на височина околу 2.350 метри.

11.11.2013 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега