Пожар во седумкатница во Париз - едно лице го загуби животот

 

Пожар избувна доцна синоќа во 14-от арондисман во Париз. За жал, пламените јазици усмртија едно лице, додека две се потешко, десетина полесно повредени.

Како што јави МИА, пожарот избувнал на третиот кат на една седмокатница од 70-те години на минатиот век, која се наоѓа на улицата генерал Хумбер бр.2 во 14-от арондисман.

90 пожарникари се справувале со огнената стихија.

Стотина лица биле евакуирани од зградата.

11.11.2013 - 09:37
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега