Ја уапсиле бидејќи ги пуштила децата да си играат пред куќа

 

Ни крива ни должна, мајка од Тексас поминала цели 18 часа во затвор бидејќи ги пуштила своите деца да си играат пред куќа. 

Се работи за Теми Купер од Тексас која била уапсена бидејќи им дозволила на своите 6 и 9 годишно дете да си играат надвор. Оваа жена ја пријавил соседот бидејќи ги шуштила дечињата да си играат без надзор од возрасно лице, сами на улица.

- Бев во шок кога полицијата ми дојде на врата. Откако од автомобилот излегоа двајца полицајци, на рацете ми ставија лисици без никакво објаснување, вели мајката.

За апсурдот да биде уште поголем, додека дечињата играле пред врата, мајката постојано ги набљудувала. 

Соседот кој ја пријавил жената не бил достапен за да даде коментар за медиумите.

11.11.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега