Жерновски: Нови избори за советници во општина Центар
Градоначлникот на општина Центар, Андреј ЖЕрновски вели дека опозицијата треба да размисли за организирање на нови избори за советници во општина Центар, по апсењето на Шиповиќ. Тој во интерју за Радио Слободна Европа вели дека во моемнтов Советот е блокиран и не може да функционира.
„Советот е блокиран. Мислам дека како опозиција треба сериозно да го разгледаме сценариото да одиме на нови избори за советници во Општина Центар, бидејќи, ако власта сака да ја фалсификува волјата на граѓаните и ако е подготвена да апси советници само за да ја преземе контролата над општината, тогаш треба да ја провери таа иста волја. Меѓутоа јас не гледам дека ВМРО-ДПМНЕ на ова има одговор, затоа што знаат дека ако има избори, сега ќе поминат многу полошо“, вели Жерновски за РСЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа