Србија, Албанија, Грција и Бугарија влегоа во финалето на Евровизија
Србија, Албанија, Грција и Бугарија се изборија за место во финалето на Евровизија. Во другата полуфинална вечер од овогодинешниот Евросонг во Ротердам за влез се бореа 17 држави.
За влез во финалето се бореа освен овие четири соседни држави учествуваа и Сан Марино, Естонија, Чешка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Грузија, Португалија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска.
За финале се изборија Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска.
Финалето ќе се одржи в сабота навечер, а таму ќе изостане македонскиот претставник Васил Гарванлиев кој не успеа да се пласира на првата полуфинална вечер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа