ВМРО-ДПМНЕ: Вработеноте во „Христијан Тодоровски - Карпош“ не земаат плата поради игрите на СДСМ

СДСМ и нивниот политички приврзок НСДП во Ранковце безобразно  си играат со судбината на 50-тина вработени во ОУ Кристијан Тодоровски Карпош, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-  Веќе два месеци вработените наставници во ова основно училиште, иако ги извршиле сите професионални обврски, поради политичките игри на градончалникот на Ранковце од редовите на СДСМ, немаат земено две месечни плати и не им се платени придонесите за здравствено осигурување, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој проблем, велат од владејачката партија, го создаде СДСМ и тие ја имаат најголемата одговорност зошто во Ранковце нема настава и зошто 50 семејства на просветните работници не можат да си ги прехранат своите семејства.

-И Градоначалникот во Ранковце и неговата политичка партија се обидуваат по секоја цена да се стават над законите и институциите. Токму тие сакаат на нелегален начин да променат директор на основно училиште заобиколувајќи  го училишниот одбор. Исто така  не почитуваат одлука на државниот просветен инспекторат кој што ја укинал одлуката на градоначалникот за незаконско именување на друг директор и на крајот сето тоа го прават врз грбот на вработените кои се принудени да страдаат два месеци поради политичките игри на градоначалникот на Ранковце, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, единстена причина поради која СДСМ инсистираат за промена на директорката е поради барањето за отпуштање на вработени во училиштето и на нивно место вработување на партиски војници на СДСМ.

 

10.11.2013 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа