Ноќна атлетска трка низ центарот на Скопје
На Плоштадот Македонија во Скопје денеска попладне ќе стартува традиционалната Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, која традиционално се одржува по повод Денот на ослободување на градот Скопје, 13 Ноември.
Стартот на трката, кој ќе го означи скопскиот градоначалник Коце Трајановски, ќе биде на Плоштад Македонија, близу фонтаната Воин на коњ. Потоа ќе се трча во правец на Порта Македонија, од каде се врти лево и се влегува во подземниот премин на Градскиот трговски центар.
Оттаму се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на улица „Филип Втори Македонски“ покрај Градската болница, од каде се врти десно и се излегува на ул. „11 Октомври“ кон Собранието на Република Македонија во правец на улицата „Димитрија Чуповски“. Целта на трката е кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа