Проверете дали ќе останете без струја

 

Без снабдување со електрична енергија утре од 10 до 15 часот ќе останат времените објекти на општина Карпош на ул. „Радика“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

Од исти причини во понеделник без напон ќе бидат: дел од месноста Мало Курило, Средно Водно, Врв Водно, Горно Нерези и дел од с. Крушопек (од 9 до 15:30),  ул.„Прашка“ бр. 13 (од 10 до 15 часот),  дел од улиците „Виетнамска“, „Метохиска“ и „Гарсија Лорка“ во Шуто Оризари како и горниот дел од с. Копаница (од 9 до 15 часот), ул. „Шекспирова“ бр, 7 (од 08:30 до 15:30 часот), ул.„Миле Поп Јорданов“, дел од ул. „Стогово“ и дел од ул. „Козле“ (од 9 до 12 часот) и улиците „Тодор Циповски Мерџан“, „Мавровска“, „Воин Драшковиќ“, „Александар Мартулков“, „Панко Брашнаров“, „Манчу Матак“ и „Крсте Гермов Шакир“ (од 09:30 до 13:30 часот).

09.11.2013 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега