Цел месец барал каде го паркирал автомобилот

Андреас Оберпертингер  од Италија веќе еден месец е во потрага по својот автомобил марка Голф што го паркирал на улица во  Минхен, а потоа со трамвај заминал на Октоберфест, и заборавил каде го оставил возилото.

Автомобилот го паркирал на 5 октомври во мала улица на место каде паркирањето било бесплатно.

– Го загубив автомобилот, но тоа не е заради пивото. За жал не можам да се сетам на името на улицата, изјави тој за италијански медиуми. Единствено што се сеќава е дека Голф-от го паркирал во источниот дел од градот.

– Залудно обидувајќи се да го најде автомобилот, овој Италијанец веќе трипати доаѓа во Минхен, објави минхенскиот весник Абендцајтунг. По градот насекаде залепил плакати со фотографија од возилото и нуди награда од 200 евра. Оглас е емитуван и на локалните радија, но без успех. Весникот тврди дека автомобилот не му е запленет, а Андреас смета дека е сигурен оти не му е украден Голфот.

– Такви работи се случуваат секоја година и стануваат се почести, изјави портпаролот на полицијата во Минхен.

08.11.2013 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега