ВИДЕО: Пијан градоначалник се закани со убиство

Градоначалникот на Торонто  Роб Форд  пијан се заканувал со убиство. Весникот Торонто Стар има добиено снимки во кои пијаниот градоначалник се сопнува низ собата и се заканува на некоја непозната особа дека ќе ја убие.

- Јас ќе го убијам овој човек. Тоа ќе биде првиот пример на убиството. Или тој ќе умре или јас, се заканил гардоначалникот.  Откако медиумите ги објавиле снимките градоначалникот на Торонто изјавил дека тоа го изговорил бидејќи бил пијан.

- Јас сум толку засрамен за ова. Целиот свет ќе го види. Тоа не е ми е проблем. Можам само да кажам дека сум бил ужасно, ужасно пијан

08.11.2013 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа