Полат од "Долина на волците" купува стан во висококатниците во Аеродром

Турскиот актер Неџати Шашмаз,  познат како Полат од серијата Долина на волците која беше хит во Македонија, купува стан во висококатниците кои неодамна никнаа во Аеродром.

Како што пренесува Република на Албански јазик, Полат бил многу задоволен од гостопримството со кое бил пречекан кога дојде во посета на Скопје, па затоа ја разгледува можноста да купи стан во висококатниците во Аеродром.

Извори блиски до актерот тврдат дека тој бил заинтересиран за луксузните апартмани кои се наоѓаат на 41. и 42. кат, чија продажба почнува денеска.

08.11.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега